| четврток, 6 декември 2018 |

Фановите распукаа по Сека: Направи фатална грешка поради која ќе остане без обожавателите (фото)

Сека Алексиќ сака да се фали со луксузниот живот на социјалните мрежи. А додека таа објавува фотографии на скапи автомобили, гардероба, луксузни патувања, даночните инспектори утврдуваат дали плаќа данок на големата заработувачка.

maxresdefault

Сека вчера на социјалната мрежа Инстаграм споделила фотографија со која покажа дека носи „ролекс дајтон голд“ кој вреди 20 000 евра и вози автомобил „мерцедес слк 500 АМГ“ кој чини 60 000 евра.

658568_zab-seka-aleksic_ff

Како да не беше доволна фотографијата, таа до неа напишала за кои точно модели станува збор. Со овој потег ги налути фановите.

-Жено гледаме дека имаш „мечка“ и „ролекс“, не мора да пишуваш, зошто ти е тоа?! Го копирач стилот на диџеј Прасе, ти недостасува уште само „армани“ одело – коментирал еден фан на Сека.

684784_grafike-seka-aleksic_ff

Пејачката го избришала тој коментар, како и сите други кои и укажуваа на тоа дека не пристојно да се фали со богатството, а имаше и расправии со оние кои ја критикуваат.

-Гледај си ја твојата работа, будала еден, не сум ти ја крива што немаш леб да јадеш. Сакам да се фалам – напишала Сека (34).

75325_seka_af

427055_seka_f

603224_zab-seka_f

Високите потпетици, скапите авомобили и часовници и се вистински фетиш на Сека

Високите потпетици, скапите авомобили и часовници  се вистински фетиш на Сека

Не се плашам од даночните инспектори

-Редовно си ги плаќам  сметките и данокот, а тоа и го докажав таму каде што беше потребно. Јас немам причина да се плашам од нив, чиста сум како солза – изјавила Сека.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top