| четврток, 6 декември 2018 |

Ревија на Балкански филмови на „Festival on Wheels 2015” во Куманово

Проекциите, кои се дел од второто издание на фестивалот на европски филмови во градовите низ Македонија “Festival on wheels 2015”, ќе се одржат во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Кумановчани во среда, 28-ми и четврток, 29-ти октомври, ќе имаат можност да ги проследат проекциите на филмови од неколку Балкански кинематографии, поточно од бугарската, хрватската, грчката и албанската кинематографија.

Освен проекциите, во среда, на 28-ми октомври, со почеток од 17 часот, ќе биде одржана и работилница „Преку кастинг до филмска улога“ со мајсторот на фотографија Коста Дупчинов, а во вечерните часови ќе се одржат проекциите на Бугарскиот филм „Кецови“ и хрватскиот „Котловина“.

Во четврток, кумановските љубители на филмот ќе можат да ги погледнат филмот „Ксенија“,овогодишен грчки кандидат во трката за Оскар за филм од неанглиско говорно подрачје, како и најгледаната албанска комедија „Жени“ со мега популарниот албански актер и шоумен, Ермаљ Мамачи во главната улога.

Во рамките на детското матине, најмладите ќе имаат можност да ги погледнат детскитт филмови „Амазониа“ и „Витезот Расти“.

Фестивалот e во организација на Катавеј од Скопје, со поддршка од Агенцијата за филм на РМ и во соработка со НУЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top