Бразилскиот ас во редовите на Барселона, Нејмар игра одлично на почетокот на сезоната во Примера дивизија. Отсуството на главната ѕвезда на каталонците, Меси поради повреда одлично го надополнува двоецот во нападот Нејмар-Суарез, па заради тоа управата на Барса ќе му понуди нов договор на Бразилецот кој ќе го направи трет најплатен фудбалер на планетава.
Нејмар ќе има двојно повеќе причини за продолжување на договорот бидејќи ќе добие 100 проценти зголемување на платата.
Тој моментално заработува 250 илјади фунти неделно, а со новиот договор треба да заработува 500 илјади. Со тоа ќе биде веднаш зад најголемите ѕвезди во светскиот фудбал Меси и Роналдо, кои заработуваат 565 илјади фунти односно 550.
Со тоа паѓа во вода обидот на Манчестер Јунајтед да го доведе во своите редови и дополнително да ја засили навалната линија во тимот. Нивниот обид беше неуспешен во летниот преоден рок, но сепак најавија дека нема лесно да се откажат од Нејмар.
Најдобриот бразилски фудбалер сезонава на седум натпревари во Примера постигна осум голови и покажа дека знае како да ја преземе одговорноста на себе кога Лионел Меси не е во тимот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.