| четврток, 6 декември 2018 |

Нов скандал ја тресе босанската естрада: Дино Мерлин го плукна во лице Хари Варошановиќ

Един Дервишхалидовиќ алијас Дино  Мерлин недамна се скарал со колегата и некогашен близок пријател Хари Варошановиќ во една сараевска кафеана. Во текот на расправијата Дино го плукнал Хари во лицето, а тепачка била спречена од страна на гостите во кафеаната.

D82E86AD-561C-4666-B67A-81012F8E4B8E_mw1024_s_n

Фронтменот на групата „Хари Мата Хари“ седел во кафеана со пријателите, а  по некое време во истиот локал се појави и Дино Мерлин. Кога Хари тргнал дома Дино почнал да го навредува и тука дојде до судир помеѓу нив.

Меѓутоа, Мерлин не застаната само на вербалните напади туку се нафрли на некогашниот пријател, со кој ја има дуетската песна „Да даде Господ“ .

-Хари сакаше да ја прекине расправијата и да г напушти локалот. Во тој момент Мерлин во присуство на сите го плукна во лице. Среќа што и двајцата беа со пријатели кои спречија да дојде до поголем судир. Луѓето кои беа сведоци на овој немил настан коментираа дека не можат да поверуваат како некој кој го сметаат за голема ѕвезда може да си дозволи толку просто да однесува и да понижува луѓе – изјавил добро информиран извор за регионалните медиуми.

thumb

Членот на жирито на „Пинк ѕвездички“ ги потврдил овие наводи, но не сакал да заборува за неодамнешната средба со поранешниот пријател.

-Точно е дека тоа се случи, но не би сакал повеќе да коментирам за тоа – кажал Хари.

Пријателството помеѓу Хари и Дино пукнало минатата година кога Мерлин, кој е претседателот на Собранието на Асоцијацијата на музичките уметници  (АМУС)  во Босна, насилнички го исфрлил Хари од состанокот на оваа организација.

dino-hari

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top