Иако отсекогаш била позната по смели модни комбинации, кој никого не оставаа рамнодушен, по се изгледа дека со вчерашниот избор на гардеробата Рита Ора се надмина самата себе.
Рита е еден од членовите на жирито на британскиот Х Фактор и на сцената на емисијата во живо се појавила во кусо фустанче кое имало горен дел во вид на сатенска кошула, додека здолништето беше изработено од везени цветови и тантела.
Меѓутоа, тоа што го привлече вниманието на сите беа чизмите на русокосата пејачката кои исто така биле направени од везени цветови и тантела.
Ора со ваквата комбинација успеа да ја засени и колешката Шерил Фернандез Верисни и нејзиниот исто така невообичаен комбинезон.
24 годишната Ора ги запали социјалните мрежи со нејзиниот избор на гардероба , а коментарите најчесто беа негативни и сите се прашуваа што и се случило па си дозволила вака да се појави пред луѓето?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.