Се што ви е потребно е малку креативност и добра волја.
Иако не е традиционален во Македонија, празникот Ноќта на вештерките е можност да ја искажете вашата креативност во правење костими и можеби присуствувате на некој добар маскенбал.
Меѓутоа, изнајмување костими може да биде скапо, а немаат сите вештина да во домашна работилница направат квалитетна, ефективна и забавна маска. Меѓутоа, тука е интернетот кој може да ви помогне со некоја оригинална идеја.
Да го земеме за пример овој млад човек кој од бојадисал парче картон во зелена боја и успеал да се маскира во авокадо, пресечено на половина (неговиот стомак е семката).
Оваа идеја е одлична бидејќи сите ќе сакаат да знаат што тоа вие точно треба да претставувате, што е одличен начин да се започне разговор со некоја. Цена – нула денари, ефект – чист урнебес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија
-
Сексапилната бразилка: Мојот задник ќе ги предвидува резултатите на Светското во фудбал
-
Фотографии сведочат какви биле условите пред да се добие новиот лик на МНТ
-
Се роди љубов: Бариш Ардуч и Елцин Сангу заљубени до уши во новата серија (Фото/Видео)