Тоа што граѓаните го направија во првиот круг, денеска го повторија, повторно беше успешен изборен ден во кој се одржаа фер, демократски и слободни избори, во кој победи Република Македонија, посочи премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва, по вториот круг на локалните избори.
– Заедно со освоените општини во првиот круг, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 56 општини, една повеќе од локалните избори во 2009 година. Според број на гласови, во 2009 година за ВМРО-ДПМНЕ гласале 406.000 гласови, а во 2013 година – 445.000 гласови. Ова е историска победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ – порача Груевски.
Ова е доказ дека делата, работата, одговорниот и искрен однос кон народот носи победа. Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, убедливо ја доби довербата на скопјани, што покажува дека по четири години макотрпно работење и резултати може да се победи – додаде Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.