| четврток, 6 декември 2018 |

Светска банка: Македонија е шеста најдобра бизнис дестинација во Европа и дванаесетта во светот

Македонија е рангирана на досега највисокото дванаесетто место од 189 економии во светот според добрата бизнис клима во штотуку објавениот извештај на Светската банка Doing busines 2016.

Македонија е на 6-то место во Европа, пред 24 земји членки на ЕУ, и убедливо најдобро рангирана во регионот, каде после Македонија е Словенија на 29-то место.

Ова е врвен резултат и големо признание на политиките за правење на бизнис клима, особено што доаѓа од најреномираната економска институција во Светот Светската банка.

Македонија пред 9 години според истиот овој извештај беше рангирана на 94 место, што досега е раст за неверојатни 82 места.

Огромниот успех е постигнат низ континуирани реформи, Македонија е највисоко оценета за унапредување на бизнис климата, креирање на нови работни места, поедноставување на административните процедури, современи  технологии за обезбедување на квалитетни јавни услуги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top