| четврток, 6 декември 2018 |

Полицискиот синдикат реагира: Нема место за мешање на политиката во полиција

Првиот човек на полицискиот синдикат Тихомир Климовски за телевизијата „Алфа“ изјави дека нема место за мешање на политиката во полицијата без разлика на обврските што ги наложува актуелната политичка ситуација.

Синдикатот смета дека министерската смена не треба да донесе радикални промени во функционирањето на министерството. Во МВР се напредува по систем на кариера и согласно законот. Оваа стабилна поставеност не треба да биде нарушена од желбите и апетитите на политичките структури.

Секој ваков обид на привремениот министер за внатрешни работи кој треба да застане на чело МВР, согласно договорот во Пржино, ќе значи соочување со синдикатот на полицијата.

-И до сега тоа го имаме докажано, не само за новиот министер ако тоа го планира или го направи. И во постојните рамки ние секој пат кога министерството ќе прекрши одреден пропис застануваме во заштина на своите колеги и правата на вработените, тоа ќе се случи и овој пат, бидејќи никој не е над Законот, ниту над Уставот, вели Климовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top