| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 10.000 вработени преку мерката за вработување млади до 29 години

Со мерката „1+1“, која почна во март минатата година, а ќе трае до март в година, досега се вработени повеќе од 10.000 млади лица до 29 години.

spasov

 

Мерката има за цел да поттикне вработување млади лица до 29 години, при што приватните компании се ослободени од плаќање на социјални придонеси и персонален данок.

– Досега преку оваа мерка се вработија преку 10.300 млади лица во околу 5.000 компании. Целта што сакавме да ја постигнеме е веќе постигната, преку 10.000 работни места значат многу за македонските компании, како и за младите во Македонија, подвлече министерот за труд и за социјална политика, Диме Спасов, кој денеска во општина Чучер Сандево изврши увид на градежните работи за изграба на нова градинка.

Тој додаде дека оваа мерка ќе продолжи да се реализира и во наредните неколку месеци, а, во просек, досега, откако е почната оваа мерка, месечно се вработувале по 520 млади лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top