| четврток, 6 декември 2018 |

„Небесно такси“ е иднина на јавниот превоз

taksi
Сообраќајнот метеж, долгите колони и премногу време поминато во автомобилите по патиштата се чести сцени на улиците на големите градови низ светот, каде што бројот на автомобили одамна ги надмина можностите на инфраструкурата, која е создадена за многу помалку автомобили. Поради таквиот метеж и голем број автомобили, не може да фукнционира ниту јавниот превоз. Големите градови се обидоа овој проблем да го решат со подземни железници, а од компанијата „Скајтрен, тврдат дека имаат ново, ефикасно и многу поевтино решение, небесно такси.
Станува збор за воздушен јавен превоз, кој ја искоритува технологијата на магнетска левитација, така што возилата се лизгаат по патеки што се наоѓаат 10 метри над земјата и немаат допир со сообраќајот, односно метежот на улиците. „Скајтрен“ го развива овој концепт на јавен превоз веќе пет години, а со тестирање почнуваат наскоро во Тел Авив, во кампусот на компанијата „Израел аероспејс индустрис“ со која соработуваат во развојот на овој вид возила. За почеток само едно возило ќе гравитира низ  кампусот со брзина од 100 километри на час, а дополнитлено бројот на возила ќе се зголеми. Ако тестовите поминат добро, следниот чекор е развој на ваков систем на јавен превоз во најмалку 3 града во Израел, и во некои американски градови до 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top