Понекогаш е полесно да се изрази мисла со слика отколку со зборови, но и тоа може да се разбере погрешно. Благодарение на трендот што дојде од Јапонија, денес имаме избор од илјадници икон,и кои сликовито ги опишуваат нашите емоции. И додека едни се многу јасни, други останаа погрешно разбрани. Американската интернет страница „Бустл“ состави топ пет емотикони што ги користиме погрешно.
1. Сонливо лице
Овој емотикон изгледа како да плаче, но солзите всушност претставуваат сонливо лице. Во манго-културата и анима-ликовите сините солзи се користат за да прикажат лик што спие.
2. Гордо лице
Не, овој емотикон не се лути, туку „пука“ од гордост. Воздух дува низ носот и на тој начин покажува моќ и гордост.
3. Симбол за висок напон
Ознака за струја претставува тоа што е – ознака за висок напон или невреме. Тој симбол најчесто се користи меѓу вљубениците во ликот на Хари Потер како симбол за неговата лузна на челото.
4.Вртоглавица
Ви се врти во главата и гледате ѕвезди? Тогаш ова е симбол што сакаш да го користиш. Често е погрешно разбран како ѕвезда што паѓа.
5. Хотел за љубовници
Овој симбол не е никаква болница. Тој означува „љубовници“ кои се состануваат на неколку часа во хотел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.