| четврток, 6 декември 2018 |

Најчудните секс традиции ширум светот

naij-strannite-seks-tradicii-po-sveta-334322

Ова ги руши сите табуа и не воведува во некои од најчудните секс традиции ширум светот.

Индонезија
Во Индонезија имаат празник наречен Пон. Настанот се случува седум пати во годината. Учесниците патуваат до светиот остров Јава, каде имаат секс со туѓ сопруг или сопруга. Веруваат дека тоа носи среќа.
Индија
Како дел од традицијата на племињата кои живеат во централниот дел на Индија, е ритуалот Готул. Тоа е собир на млади девојки и момчиња, кои учат песни, танци и секс. Девојките пијат природен алкохол со цел да не забременат и спијат со различно момче секоја ноќ. Ако некоја од девојките забремени, целото племе го посвојува детето, бидејќи не се знае кој е таткото.
Нигер
Племето Водабе е познато со своите убави и богати ритуали. За нивниот прв брак одлучуваат нивните родители уште додека се во пелени, а тоа задолжително се нивни братучеди. На празникот Геревол, мажите се облекуваат во интересна облека, ги бојадисуваат лицата и ги покажуваат нивните физички карактеристики на жените, кои си избираат од нив. Ако на жената и се допаѓа нов маж, и само ако успеат да избегнат сегашниот да разбере, тие се официјално признати за пар и тоа се вика „брак од љубов“.
Хималаите
На Хималаите има малку земја и ако во некое семејство се родат два сина, подоцна земјата на родителите би требало да се раздели, оставајќи го секој од нив со недоволно земјиште. За да го избегнат делењето на земјата, колку и да се браќата, сите се женат за истата жена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top