Каја Гербер започна да ги следи стапките на нејзината мајка уште кога имаше само десет години, а сега, со полни 14, веќе има завидна модна кариера.
Каја, која неверојатно наликува на нејзината мајка, е ќерка на една од најуспешните манекенки во светот Синди Крафорд и бизнисменот Ранд Гербер.
„Мини-верзијата на Синди“, како што ја нарекуваат некои таблоиди, неодамна потпиша договор со познатата моделинг агенција ИМГ, за кои работат и неколку познати имиња како Алесандро Амброзио, Иман Абдулмаџид, Лили Олдриџ и Камил Алвес.
Каја досега се појави на насловната страна на „Тин Воуг“ и беше заштитно лице на кампањата за „Јанг Версаче“.
Дента кога Каја го потпиша договорот со ИМГ, гордата мама Синди на Инстаграм сподели фотографии на нејзината убава ќерка од рекламата за „Воуг Италија“. Неодамна за роденденот на Каја, Синди објави семејна фотографија од времето кога нејзината ќерка беше мало девојче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)
-
Пораснаа децата на поранешниот претседател, Борис Трајковски!
-
Живот од бајките со трагичен крај: Ова е убавата ќерка на сопственикот на Лестер која загина со татко и
-
Ќерка на висок полициски функционер на одмор со луксузен џип на МВР(фото)