Во рамки на посетата на премиерот Никола Груевски на Обединетите Арапски Емирати, владина делегација во состав од вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо, денеска ја посетија Агенцијата за надворешна трговија и инвестиции на Дубаи.
Владината делегација со своите соговорници разговараше за можностите за продлабочување на економската соработка, пред се на полето на надворешно-трговската размена и инвестициите.
Од македонска страна беше истакната заложбата за градење на економска соработка со ОАЕ, интересот за продолжување на економскиот дијалог, продолжување на контактите и разработување на анализи за соработка на конкретни проекти.
Вицепремиерот Пешевски истакна дека Република Македонија ја заокружува правната и договорна рамка со Обединетите Арапски Емирати што ќе послужи за интензивирање на економските односи. Додаде дека нашата земја има потенцијали кои би можеле да придонесат не само за реализација на инвестиции на приватните субјекти, туку и меѓудржавна соработка во реализацијата на поголемите економски проекти.
Беше договорено делегација на Агенцијата за надворешна трговија и инвестиции на Дубаи да ја посети Република Македонија, преку која непосредно ќе се запознаат со позитивните макроекономски индикатори, со бизнис климата во нашата земја која гарантира предвидливо опкружување за економска соработка во интерес на двете страни.
Соговорниците се согласија дека со таквата посета би можело да се направат дополнителни истражувања и анализи кои би креирале и потенцијал за конкретизација на соработката.
Министерот Мисајловски ги претстави можностите за конкретна соработка на поголем број на проекти во областа на инфраструктурата и градежништвото, туризмот и земјоделството. Тој истакна дека мерките и политиките на Владата, и владината отвореност и интенција за поддршка на економските проекти од интерес за развојот на земјата и за отворање на нови работни места, овозможуваат ефикасност во спроведувањето на деловните одлуки без административни потешкотии и непотребни ограничувања.
Директорот Мизо истакна дека позитивните ефекти на владината политика за континуирано унапредување на бизнис климата се потврдуваат со инвестициите кои во нашата земја се реализираат од страна на поголем број на глобални компании.
Република Македонија, како што посочи Мизо, поседува едуцирана работна сила која би можела да придонесе во ефективна реализација на проектите на инвеститорите и на субјектите кои имаат интерес за реализација на проекти од поголем обем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст