Тестаментите на народите ги пишуваат креативци, градители, визионери, војници, учители, лекари, уметници и разни други волшебници… низ времето, тестаментите ги нагризуваат стаорци, ги палат убијци, предавници, ситни души, измеќари на туѓите вери, туѓите дворови и дворјани, мрачноумни кои задушени во својата пизма и ништожност во однос на оние кои тестаментите ги создаваат, и нас кои тестаментите ги чуваме- пишува Драган Павловиќ Латас во својата колумна „Тестамент“.
Што е човек ако му го избришат името од книгата на родените?
Да, тестаментите на народите се чуваат. За да ги има, и да постојат понатаму. Да бидат сочувани од стаорците, мракоумните и пироманите. Постојат визионерите кои го пишуваат, но и чуварите на тестаментот, како витезите на кралот Артур.
А нашиот тестамент не е богат и раскошен како францускиот, англискиот, унгарскиот, германскиот… или италијанскиот кој го пишувале двеста педесет векови. Не е, а можел да биде да имало кој да запишува, и кој тестаментот да го чува од Александар Македонски па наваму. Но, времињата не биле на наша страна: многу багра, предавници, измеќари на туѓи вери и туѓи дворјани, плус долгите сезони на стаорците во мрачните времиња на Балканот го направиле своето. И ние сме каде што сме.
Кога некои нови писмени, посветени и вредни се појавуваат за да се запишат нови страници на македонскиот тестамент за следните генерации, потомците на стаорците, измеќарите, колачите на своите комшии и братучеди… ќе се појават да не потсетат дека се уште постојат, и дека се тука за да служат некому, заработат нешто, и уништат – се.
Да го запалат тестаментот во кој нивните животи се ликови на негативци и лигуши, ликови кои читателот на тестаментот ги презира, и чека час поскоро да ги снема во содржината. Ги препознаваш ли, а? Ако не, еве ти ги пред тебе деновиве.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.