Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска оцени дека изјавите на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ за вмешаноста на Русија во протестите во Подгорица се „целосно чудни“ и дека се дел од постојните навики да се демонизира Москва.
– Тоа се сосема чудни изјави… Во сè бараат ѓавол и притоа продолжуваат да ја демонизираат Русија, тоа е позната забава во многу држави – истакна Песков.
Тој додаде дека очекува дека „ќе надвладее здравиот разум и ќе доминираат трезвени оцени“.
Ѓукановиќ во интервју за Хрватската радио телевизија (ХРТ) истакна дека „нема сомнеж дека Русија имала, и понатаму има, активна улога во антивладините протести“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.