| четврток, 6 декември 2018 |

Словенците посакуваат странски сили на границите, но не Фронтекс

Поголемиот број Словенци се против поставување на жичена ограда на границата со Хрватска заради бранот емигранти, но сметаат дека ЕУ мора повеќе да ѝ  помогне на Словенија, која е во шенгенскиот простор, со полициски сили и финансиски, покажува анкетата која денеска ја објави љубљанскиот весник „Дело“.

За поставување на жичена препрека по должината на граничната линија долга 670 километри се изјаснил секој петти анкетиран, а дури 60 проценти навел дека ЕУ воопшто не ѝ помага на Словенија во соочувањето со емигрантската криза, која, според две третини од испитаниците има и безбедносен, а не само хуманитарен аспект.

Според истата анкета, ангажирањето на поголем број војска и полиција од сегашниот, во случај кога се работи за одбрана на шенгеската граница поддржуваат 72 проценти од Словенците, а се согласуваат и со одлуката донесена во Брисел на словенечко-хрватската граница уште оваа недела да дојдат 400 странски полицајци, но не во рамки на Фронтекс, туку врз основа на билатерални договори кои Словенија ќе ги склопи со повеќе европски држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top