| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска: 11.500 емигранти во еден ден, се гради зимски транзитен центар

Во Хрватска досега влегле 251.906 бегалци, а само во саботата границата ја минале нови 11.500, што е најголемиот број на лица кои во само еден ден влегле во земјата од почетокот на бегалската криза.

Во моментов, во привремениот прифатен центар во Опатовац има 1.528 лица, а и натаму се очекува бранот бегалци што пристигнува преку Србија, соопшти хрватското Министерство за вантрешни работи.

Најголемиот број бегалци источната граница со Србија ја минуваат на подрачјето на Бапска, каде приливот не се намалува. Штом ја минат хрватската граница, полицијата со автобуси ги превезува бегалците и емигрантите до прифатниот центар во Опатовац, од каде со автобуси или со возови одат кон запад и кон границата со Словенија.

Хрватскиот министер за внатрешни работи, Ранко Остојиќ, во Опатовац изјави дека на 2 ноември првите бегалци ќе бидат сместени во зимскиот транзитен центар, што се гради во Славонски Брод, а може да прими 5.000 лица, пренесе „Хина“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top