| четврток, 6 декември 2018 |

Пет природни пробиотици

Микроорганизми, односно добрите бактерии кои со едно име се викаат пробиотици не само што се заслужни за нормална работа на цревата туку и за здравје на целиот организам. Тие помагаат телото да апсорбира минерали и витамини кои се клучни за нормална работа на организмот. Ова се најдобри природни антибиотици

Кефир – Овој напиток е сличен на јогуртот. Содржи широк спектар на пробиотски бактерии, како и 11 грама протенини по шолја. Се прави така што се додаваат кефир зрна во млеко, по што доаѓа до ферментација.

Комбуха– Комбухата е по потекло од Кина и претсравува освежителен напиток, кој е создаден со ферменација на засладен црн чај. Може да се најде во добро снабдени продавници за здрава храна.

Кисела зелка– Киселата зелка се вбројува во намирниците кои го зајакнуваат имунитетот и го штитат здравјето. Најдобрра опција е домаша кисела зелка.

Јогурт– Кога купувате јогурт треба да обрнете внимание на производот да има назначено дека содржи активна култура затоа што всушност тие содржат пробиотски својства.

Пиво од ѓумбир– Газиран природно ферментиран пробиотик се појави во Англија уште во 19 век. Иако официјално не се вклулува во алхохолни пијалоци затоа што содржи помалку од 0,5% алхохол сепак треба да внимавате и да ја ограничите количината на чаша или две.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top