| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдени тела на 43 eмигранти на плажите близу Триполи

Тела на 43 eмигранти биле пронајдени денеска на плажите во Либија на исток од Триполи. Според една либиска невладина организација, се очекува уште тела да испливаат од водата.
Полицијата не соопшти детали за земјата на потекло на загинатите eмигранти, но официјалната прес-агенција на Либија јави дека тие доаѓале од повеќе земји од Африка.
На 40 км на запад се најдени уште 14 тела.
Според информациите, жртвите патувале со мал брод кој потонал блиску до Злитен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top