| четврток, 6 декември 2018 |

Виршлите се полни со хемија, често содржат и човечка ДНК

Според едно истражување кое го спровела компанијата „Клиер фуд“, чија задача е да го анализлира составот на храната, виршлите не само што не се здрави, туку во нив се наоѓаат и состојки кои никогаш не би ги очекувале.

„Клиер фуд“ анализирал 345 видови виршли и колбасици од различни марки, а резултатите се вознемирувачки.

Истражувањето покажало дека 14,4 отсто од тестираните виршли не ги содржат состојките кои се наведени во декларацијата, ниту пак одговараат на хигиенските услови.

Во некои виршли имало и свинско месо, а тоа не го пишувало на декларацијата. Десет отсто од вегетаријанските производи содржеле месо.

Два отсто од сите тестирани виршли во себе имале човечка ДНК.

Главни состојки на виршлите инаку се свински, пилешки и мисиркини остатоци во кои се додаваат засилувачи на вкус и боја, огромни колични скроб, сол и разни хемиски додаоци, калиум, калциум трифосфат, полифсфати, натриум аскорбат, кармин, боја која ја има во црвилото за усни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top