| четврток, 6 декември 2018 |

Могерини: Ќе се фокусираме врз ситуацијата на Балканот

Средбата на врвот на ЕУ треба да донесе решенија за стабилизирање на имиграциската криза на Балканот, изјави при пристигнувањето во Брисел, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

– Целта на денешната средба е да се разгледа внатрешен одговор на имиграциската криза, предизвикана од надворешни причини, рече таа.

– Ќе се фокусираме врз ситуацијата на Балканот и очекувам на средбата да се усвојат многу конкретни и практични решенија за нејзина стабилизација, рече високиот претставник на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top