| четврток, 6 декември 2018 |

Пољак се обидел преку граничниот премин кај Свети Наум да помине со украдено возило

На 24.10.2015 година во 09.05 часот на ГП-Св.Наум, за излез од Р.Македонија се пријавило патничко моторно возило „Шкода Фаворит“ со охридски регистарски ознаки управувано од полскиот државјанин З.Х.(51). При извршената гранична проверка било утврдено дека возилото е сопственост на Љ.С.(62) од охридското село Елшани, а странскиот државјанин не поседувал одобрение за управување туѓо возило и Меѓународно осигурување (зелен картон). Поради основи на сомнение дека се работи за кривично дело „кражба на моторно возило“, полскиот државјанин бил лишен од слобода и приведен во Полициска станица. Во возилото биле пронајдени лични документи на К.С.(39) од Елшани-Охрид. Со истиот бил извршен разговор, при што потврдил дека патничкото моторно возило е украдено. Полскиот државјанин и патничкото моторно возило се задржани во ПС за ГП и ГН-Св Наум и тој е изведен пред недлежен судија при што му е одредена мерка притвор во траење од 8 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top