Двајца лекари од гевгелиската болница, според неофицијални извори од истрагата биле пијани во четвртокот вечерта кога почина родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе.
Според информациите на Сител, ова го потврдиле анализите на крвта каде е пронајдено присуство на алкохол. Дознаваме дека овие резултати веќе се доставени до велешкото обвинителство кое го води случајот и од каде денеска на распит повикале еден од лекарите.
Уште пред да ги добијат резултатите, внатрешна комисија од болницата донела одлука и двајцата анестезиолози да бидат суспендирани од работа, вели во изјава за Сител директорот на болницата.
Нема да одат на работа додека трае истрагата. Во меѓувреме, поради немање на кадар сите операции во гевгелиската болница се откажани и се препраќаат во Струмица. Во понеделник ќе има и седница на стручен совет кои, според информации на Сител, можат да одлучат за отказни решенија на лекарите.
Според официјалните информации од Обвинителството, во тек е истражна постапка со прибирање на податоци со цел да се утврди дали постои лекарска грешка за смртта на Маја и нејзиното новороденче.
Вчера сопругот на почината родилка најави дека и самиот ќе ја бара правдата. Се сомнева на лекарска грешка бидејќи неговата сопруга имала уредна бременост и ништо не навестувало за трагичниот крај.
Паралелно на случајот работи и комисијата што ја формираше министерството за здравство. Од таму изјавија дека имаат обемна документација и целта е да проверат дали за време на породувањето лекарите ги почитувале протоколите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Од денеска може да купува пиво во кое било време од денот
-
Владата предлага укинување на временското ограничување за продажба на алкохол
-
Павлина Васкова, невропсихијатар: Зависнички од алкохол се најчесто жените интелектуалки, на високи позиции во претпријатијата
-
Откриен нелегален алкохол во фирма во Кавадарци, приведен управителот