Поволното решение на сирискиот конфликт благодарение на руската авијација во перспектива може да ги подобри односите на Русија со европските партнери, смета аналитичар на магазинот „Форбс“.
Иако воената операција на Русија во Сирија ги направи нервозни некои инвеститори, нејзиното учество во конфликтот на Блискиот Исток нема да се одрази негативно врз економијата, туку тоа ќе биде позитивно, смета аналитичарот на „Форбс“ Кенет Рапоза.
Бидејќи Европејците сѐ повеќе се уморни од санкциите против Русија која е важен партнер, многумина бизнис-играчи очекуваат укинување на санкциите за да имаат можност повторно да инвестираат во руската економија.„Денес Русија е пазар кој зависи од намерите на неговите учесници и односот на инвеститорите зависи пред сѐ од ситуацијата во Украина, потоа од ситуацијата на нафтениот пазар и дури потоа од Сирија“, тврди Рапоза, додавајќи дека транснационалните компании нема да престанат да инвестираат во земјата поради Сирија.Како резултат на ваквата ситуација Москва се соочува со многу позитивни ефекти како што се укинувањето на санкциите, и со негативни ризици: ситуацијата со нафтата и конфронтацијата со Вашингтон околу Сирија, што може да ги исплаши инвеститорите.
„Бидејќи негативните ризици можат да се управуваат и притоа се релативно ниски, позитивниот исход на сирискиот конфликт со помош на руското вмешување во перспектива може да ги подобри односите со Западот, поточно со Европа, која ја тресе грозница од кризата со бегалците“, пишува аналитичарот.
„Очекуваме Путин да се однесува како возрасен меѓу сите овие деца на Запад кои си играат со оган не донесуваат никакви одлуки“, изјави директорот на фондот Prosperity Capital Management Мартин Шармоа, пренесува „Риа „Новости“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.