| четврток, 6 декември 2018 |

Фрлена бомба во близина на домот на Муса Џафери

Пред куќата на бизнисмен кој живее во соседството на вицепремиерот за евроинтеграции Муса Џафери во скопската населба Топанско Поле синоќа околу 20:20 часот е фрлена бомба.

Нема повредени, направена е материјална штета, оштетени се прозорците на куќата и патнички автомобил.

МВР потврди дека на улица „Никола Малешевски“, засега непозната експлозивна направа експлодирала во непосредна близина на бетонска ограда од двор на куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top