| четврток, 6 декември 2018 |

Силна порака до граѓаните: Во оваа држава никој друг не одлучува, одлучува народот, граѓаните одлучуваат

Pretsedatelski i predvremeni izbori 2 krug 2014 (14) (Custom)

Ги знам сите теории, ги слушам сите критики и сите шпекулации. Ние нема да го изневериме народот и за тоа ви давам збор. Знаеме што правиме и во кој правец одиме – вака премиерот Никола Груевски се обрати на присутните, но и на граѓаните во својот говор по повод вчерашниот празник 23 Октомври.

Во својот историски говор тој испрати силни пораки до граѓаните порачувајќи дека ова е нивна земја, наша земја и тоа не смее да се заборави.

-Ние немаме од што да стравуваме, не, ние напротив се радуваме на денот на изборите и го исчекуваме, ние инвестираме политички капитал за тој ден 24 април да биде празник на демократијата, ден во кој сум длабоко убеден дека ќе изчезнат сите политички магли. На 24ти април се ќе се разјасни. Дотогаш како ми изгледа ќе има уште магла, уште сеење магла, ќе има уште многу валкани обиди за рушење на државата и волјата на народот, но ние ќе стоиме рамо до рамо со народот и нема да го изневериме. Ги знам сите теории, ги слушам сите критики, и сите шпекулации. Ние нема да го изневериме народот, за тоа ви давам збор. Знаеме што правиме и во кој правец одиме! Битката ќе ја добиеме! Ова е битка повеќе од тоа што изгледа! Не го заборавајте тоа. Сите вие, сите ние имаме одговорност пред државата пред нејзината историја, пред нејзината иднина, пред 4те свети букви ВМРО.  – пред идеалите на организацијата и жртвата на нејзините активисти. Ова е твоја земја! Ова е наша земја! Не го заборавајте тоа! Вие одлучувате и никој друг! Народот, граѓаните ослучуваат, никој друг не одлуува!– повика премиерот Никола Груевски на Свечената академија на Денот на македонската револуционерна борба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top