Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изрази надеж дека Иран ќе стане дел од процесот за надминување на сирискиот конфликт. Могерини ова го изјави по денешните преговори во Виена.
-Во последните денови имавме преговори со високо позиционирана иранска делегација. Има отворен канал за дијалог и мислам дека Иран може да биде дел од овој процес, рече Могерини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.