| четврток, 6 декември 2018 |

19-годишен скопјанец обвинет за четири тешки кражби

СВР Скопје до надлежното Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против скопјанецот А.М. (19) поради сомнение дека извршил четири кривични дела и тоа три “тешки кражби“ и едно кривично дело “кражба“ притоа стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 100.000 денари.

Пријавениот кривичните дела ги извршил во периодот од 28 јули до 12-ти овој месец, од кои две во куќи, и две во возила,  сите на подрачје на Бит-Пазар.

Првата тешка кражба во куќа ја извршил во раните утрински часови на тој начин што откако се уверил дека нема да биде приметен од никого  се прекачил преку оградниот ѕид и преку незаклучената влезна врата влегол во куќата од каде што украл лаптоп и еден телевизор и неприметен од никого го напуштил местото.

Втората тешка кражба во куќа ја извршил во доцните вечерни часови. Откако претходната се уверил  дека нема да биде приметен од никого се прекачил преку оградата од задниот дел од дворот и со употреба на погоден алат влегол внатре од каде што украл телевизор, но во моментот кога го изнесувал од куќата во дворот бил забележан од страна на братот на оштетениот. А.М. бидејки бил забележан и препознаен го фрлил украдениот телевизор оштетувајки го и притоа избегал.

Кривичните дела, тешка кражба и кражба во возило, ги извршил преку ден и двете на булеварот “Никола Карев“. Првата  на тој начин  што со употреба на тврд предмет го скршил стаклото од десната предна врата, преку направениот отвор ја отворил вратата и украл една платнена ташна во која имало лични документи. Втората, пак, ја извршил на тој начин што преку незаклучената врата на возилото влегол внатре од каде украл една женска кожна јакна, паричник со пари и лични документи.  Дел од украдените предмети (лаптоп и телевизор) се одземени од лицето А.А. татко на пријавениот, а дел платнена ташна со лични документи се одземени од пријавениот.

Инаку, според крим евиденцијата на СВР Скопје во период од 2011-2015 година од страна на СВР Скопје против А.М. поднесени се 16 кривични пријави за извршени кривични дела од областа на имотните деликти и кривични дела против безбедноста  на јавниот сообраќај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top