Еден ден по нападот во училиштето во шведскиот град Тролхатан при што се убиени две лица, а три се повредени, денеска две училишта во Шведска примија закани, објави шведскиот весник „Експресен“.
Во училиштето „Грејв фарм“ осамнаа три постери на кои пишуваше „Погодете што, се вратив“ и фотографија од вчерашното место на нападот.
Директорката на училиштето Ане-Шарлот Роб изјави дека е во постојан контакт со полицијата и оти не верува дека заканата е сериозна.
Закана доби и училиштето „Канебек“ во Гетеборг, но не се објавени детали.
По заканите зајакнато е присуството на полицајците во близина на училиштата.
Полицијата денеска соопшти дека маскираниот маж кој вчера уби еден наставник и момче и повреди двајца други, бил воден од расистички мотиви. Напаѓачот почина во болница од здобиените повреди откако полицијсите пукаа во него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.