| четврток, 6 декември 2018 |

Сивата економија цвета во Албанија, 70 проценти градежници работат на диво

zidarСветска банка алармира дека во Албанија има многу непријавени работници. Во последната студија на Светската банка за пазарот на трудот во земјата, се наведува дека во секторот градежништво на диво работат дури 70 од ангажираните работници, во секторот услуги 35 отсто додека во секторот земјоделие и индустрија, 48 отсто, односно 46 отсто.

– Сивата економија во Албанија цвета. Половина од вкупниот број вработени во неземјоделските гранки се ангажирани на диво. Така тројца од четворица работници во градежништвото не се пријавени. Во оваа гранка не задоволува и степенот на образование затоа што над 50 отсто од ангажираните лица се со основно образование. Поразлично од градежништвото во секторот услужни дејности работниците се квалификувани,односно дури 82 отсто се со високо образование, наведува „Монитор“.

Според СБ, во земјоделството ангажирани се голем број работници, со несоодветна стручност, кои главно се во семејна земјоделска активност.

Официјалните бројки за нивото на невработност во Албанија се околу 15 отсто. Но синдикалните организации тврдат дека тој процент е околу 40 отсто, бидејќи во категорија невработени не се внесени лицата кои живеат на село а кои имаат и најмала површина земјоделско обработливо земјиште. Тука, според синдикатот, лежи фактот дека голем број од невработените не се пријавуваат во соодветните инситуции бидејќи немаат надеж дека ќе бидат вработени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top