| четврток, 6 декември 2018 |

Јелена Ѓоковиќ ја откри тајната на својот изглед

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на Новак Ѓоковиќ најдобро знае дека храната е темел за добро здравје. Јелена и Ноле многу внимаваат како се хранат, а таа на Инстаграм ја открива тајната за совршениот изглед и здравје.

jelena

– Мојот ручек изгледа вака: ореви, овошје, масло кое е многу хранливо и полно со енергија. Тоа значи дека нема да паднам во кома од храна. Тоа е многу важно ако денот почнува во 6. Сите знаеме како изгледа екстремна болест, но знате ли некој како изгледа да се биде екстремно здрав? Верувам дека тоа доаѓа од храната која ја јадиме, вежбите, луѓето со кои сме опкружени и позитивните мисли, напишала Јелена на Инстаграм.

– Ова секогаш го имам во фрижидер во случај да ми се пријаде благо. Воглавно немам желба за благо и во нашата куќа не чуваме ништо слатко. Наместо тоа, се засладуваме со мед, урми, сируп од агава, јаворов сируп и рогач. Овие десерти се лесни за подготовка. Дури ги правиме и кога патуваме или престојуваме во хотел – тогаш немаме изговор за јадење чоколадо. Немам точен рецепт за нив и секогаш се различни кога ги правам, но еднакво вкусни. Користам секакви јаткасти плодови, банани, урми, малини, јагоди, кокосово масло. Едноставно експериментирајте, мојата омилена комбинација се урми, какао и индиски оревчиња. Ова е десерт што можете да го јадете без чувство на вина“, вели Јелена

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top