| четврток, 6 декември 2018 |

Градскиот дувачки оркестар ќе изведе „Чекорници“ во чест на денешниот празник

Парадниот концерт ќе почне на влезот на Градскиот трговски центар од страната на хотелот „Холидеј ин“ и ќе се движи кон плоштадот „Македонија“.- Членовите на оркестарот пред граѓаните ќе ги изведат следниве дела: „Младинска чекорница“, „Вардаре македонски“, „Патриотска чекорница“, „Дикси парада“, „Вашингтон пост марш“, „3-та Македонска бригада“, „Огномет на слободата“, „Во спомен на Ваташа“, „Работнички“ и „За сите деца“, соопштија од Град Скопје.

Градскиот дувачки оркестар, кој работи под покровителство на Град Скопје, е составен од професионални музичари и од студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Досега, оркестарот настапувал на речиси сите значајни манифестации, државни празници и најразлични настани, давајќи им свечена нота

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top