| четврток, 6 декември 2018 |

Сторете ги овие работи и според старите верувања паричникот ќе ви биде секогаш полн

Гледате монета на улица и викате: „Среќичка!” Ја земате и ја ставате во паричникот за да ви донесе уште пари. Да, но според источните суеверија, тоа е огромна грешка. Штом веќе е загубена, веројатно претходниот сопственик има лоша среќа со парите . Земајќи ја паричката, ние ја превземаме неговата карма. Значи, ако не сме сигурни дека оној кој ги изгубил парите е милионер, подобро е да не ги допираме воопшто.

20140909-kako-da-privlechete-pari-vo-vashiot-dom-m

Има уште интересни суеверија и знаци поврзани со парите. Така на пример, ако му даваме некому пари, не треба да го гледаме во очите , за да не ни тргне само на „давање”. Никогаш не треба да се расфрламе со пари, бидејќи со една нога сме западнале во сиромаштија. Ако ви требаат ситни парички , секогаш користете го  кусурот, не давајте „големи пари за ситни”.

narodni-veruvanja-za-sreka-od-celiot-svet-1

За да не ја нарушуваме енергијата, треба секогаш да даваме со десна и да земаме пари со лева рака. А најлесно заработените пари не треба да ги држиме долго во својот дом , нивната енергија е нестабилна и колку и да не ни се верува (и сака) може да не потресе финансиски. Ако сте заработиле од игра, сте добиле неочекувана сума, подарок, потрошете ги побрзо овие пари.

brdo-pari_wide

Навечер никогаш не седете, ако трпезата е празна! По зајдисонце, седнувањето на празна маса значи и празен паричник. Не смееме да држиме на масата и празни чаши, чинии, шишиња,  итн. Воопшто “ништо да не е празно”, за да имаме полни банкарските сметки.

pari

Најдобро е да побарате покачување во среда, додека е ден. Не позајмувајте пари од пријатели и познаници во вторник. Според верувањата, заемите треба да ги давате или земате наутро – ако на вакво нешто се решите навечер, заемот е осуден на пропаст. Од друга страна, избегнувајте да барате заеми. Ако сте во можност, позајмувајте им на оние што ви бараат што почесто; така ќе ги „програмирате“ парите да ви се вратат на друг начин.

Наполнете ги џебовите на облеката што виси во ормарот со ситни банкноти. Парите не сакаат скинати џебови, а ниту отпаднати копчиња.

mkeidki-pari

Носете „среќна“ банкнота во паричникот – првата заработена пара или пари што сте ги добиле од некоја добра личност. Таа банкнота не е за трошење, таа е амајлија за финансиска сигурност.

Никогаш не го оставајте паричникот празен, нека има барем по некоја пара. Парите треба да ги чувате со главната страна свртена кон сопственикот.

gold

Нечесно добиените пари, парите добиени на коцка, најдените и искинатите пари не носат среќа и не треба да се задржуваат во вашиот паричник. Подобро е да ги поделите со сиромашните или брзо да ги потрошите.

Пожелно е во домот да чувате крупна пара. Таа треба да отседи во домот преку целата година; така ќе се наполни со вашата енергија и ќе почне да привлекува пари.

За парите што сте ги заработиле да го засакаат вашиот паричник и вашиот дом, на денот кога ќе земете плата не трошете ни денар. Според верувањата, за добра среќа, пожелно е целата сума да преспие во ваша сопственост.

denari-plata

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top