| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Трпението на граѓаните е при крај, договореното мора да се почитува

Обврска на политичките лидери е тоа што го договориле и роковите што ги поставиле да ги почитуваат, изјави денеска претседателот Ѓорге Иванов, коментирајќи ги последните случувања поврзани со политичката криза. ­

ivan

 

– Нашите политички лидери се согласиле да постигнат договор и го потпишале. Со тоа што го потпишале, презеле обврска да го извршат. Така што, нивна обврска е сето тоа што го презеле, и роковите кои што ги поставиле, да ги почитуваат. За жал, како одминува времето и како се пробиваат роковите и не се исполнуваат преземените обврски, ни се усложнува состојбата. Предолго трае оваа криза во државата и навистина секој треба да биде одговорен и да ја сноси својата одговорност, затоа што решенијата се одлoжуваат -рече претседателот Иванов при посета на прифатниот центар за мигранти во Гевгелија.

Претседателот побара одговорност од вклучените страни во разговорите, бидејќи, како што рече, трпението на населението е при крај. ­

– Уште еднаш ги повикувам сите вклучени во целиот овој процес, да постапуваат така како што се договориле, затоа што трпението на населението е веќе при крај. Сето тоа влијае и на бизнисот, влијае и на планирањата, влијае на тоа што луѓето го замислиле да го остварат во својот живот. Неопходна е многу поголема одговорност на сите што се вклучени во целиот процес – изјави претседателот Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top