Еден професор е убиен, а четворица ученици се повредени денеска кога маскиран напаѓач вооружен со меч изврши напад во средно училиште во градот Тролхатен, близу Гетеборг, во југозападна Шведска.
Полицијата соопшти дека напаѓачот на возраст од околу 20 години, чијшто идентитет и мотиви не се соопштени, бил застрелан од полицајци, по што во критична состојба е пренесен в болница.
Според шведските медиуми, ранетите ученици се на возраст од 11 до 15 години. Некои од нив се здобиле со серизни повреди и биле подложени на хируршки зафати.
Во полициското соопштение се вели дека во времето на инцидентот во училиштето имало околу 400 ученици, по што се создала целосна конфузија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.