| четврток, 6 декември 2018 |

САД изненадени од ефикасноста на Русија во Сирија

putin sirija

САД се изненадени од ефикасноста на руската војска во Сирија за што пишуваат дури и американските медиуми. Пентагон ја потцени „руската мечка“, која му покажа на светот дека слабата Eлцинова Русија е минато. Сепак, „Њујорк тајмс“ пишува дека постои еден мал важен факт: во руската воена интервенција учествуваат странски платеници.

Ова тврдење предизвикува различни мислења и критики: додека едни тврдат дека Русија на тој начин ги штити своите војници, критичарите велат дека причината е затоа што платениците се подобро обучени.

Модернизацијата на руската војска и нејзината целосна ревитализација е евидентна на секој чекор. За разлика од старите генерации руски војници што гинеа во Авганистан, денешните војници се многу позаштитени.

Штитениците на Пентагон од редовите на сириските бунтовници ги известиле САД дека половина од „руските трупи“ во Сирија се, всушност, странски платеници.

Легијата на странци на Путин била во првите борбени редови против ИСИС, но и против бунтовниците, поради што претрпеа толкави загуби.

Тоа што на Русија не ѝ е од корист е фактот дека странските платеници имаат ужасно лош углед. Сите ги опишуваат како ладнокрвни убијци, кои не се двоумат да направат што било во замена за пари.

Путин со изнајмувањето платеници, сигурно, го чува животот на голобрадите Руси, но истовремено ризкува да се појави некој нов „Блеквотер“.

Да се потсетиме на американските платеници од приватната компанија за обезбедување „Блеквотер“, кои се осудени на доживотен затвор, односно на 30 години робија поради масакрирање недолжно ирачко цивилно население во Багдад во 2007 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top