Српскиот министар за надворешни работи, Ивица Дачиќ, на вонредна прес конференција поладнево изјави дека резултатот од гласањето во УНЕСКО во Париз е подобар отколку што очекувале, јави радиото Б-92.
Како што Дачиќ објасни, според резултатот голем број земји се спротивставиле на притисокот да гласаат за приемот на Косово во УНЕСКО..
Освен тоа, Дачиќ изјави дека допрва престои големата борба против приемот на Косово во УНЕСКО, како и дека воздржани биле оние земји „до кои не можеле да се дојде телефонски“.
На почетокот на вонредната прес коференција Дачиќ опиша што се случувало пред самото гласање за предлогот за прием на Косово во УНЕСКО.
-Германија, во име на коспонзорот, го образложила барањето Косово да биде примено во УНЕСКО. Тоа го подржала Велика Британија, а Албанија изнела барање дебатата да се затвори, односно воопшто да ја нема, што Велика Британија и го поддржала, истакна Дачиќ.
Потоа Русија изнела барање гласањето да се одложи, што било поддржано од Куба и Индонезија.
-Меѓутоа, Велика Британија и останатите кои биле за предлог препораките по паузата на која заминале за да се донесе одлуката, навеле дека рускиот предлог не се разгледува бидејќи бил процедурално задоцнет, наведе Дачиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.