| четврток, 6 декември 2018 |

Нуланд разговараше и за името на Македонија со грчкиот државен врв

nuland

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас денеска во Атина се сретна со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд.

Една од темите за кои разговараше Нуланд во Атина со Коѕиас, но и претходно со премиерот Алексис Ципрас е проблемот што Грција го има со уставното име на Република Македонија.

– Со премиерот и со министерот за надворешни работи разговаравме за нашата заедничка надеж да се најде прифатливо решение, за да можеме да одиме напред, изјави Нуланд вечерва во Атина.

На состаноците во Атина на маса биле повеќе теми, меѓу кои и мигрантската криза, кипарското прашање, имплементирањето на реформите кои произлегуваат од договорот за кредит меѓу Грција и меѓународните кредитори, како и за енергетски прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top