-Таму е потенцирано дека се неопходни повеќе поволности за инвеститорите за да не се повтори ситуацијата 11 странски компании кои планирале да влезат во Србија, да одат во индустриските зони во Македонија, која сега во тие зони нуди попривлечни услови за работа отколку Србија- пишува B92.net.
Претседателот на Групацијата на слободни зони во Земјоделската комора на Србија, Драган Костиќ истакнал дека во Србија има 14 слободни економски зони, сместени на околу 100.000 хектари во кои работат 20.000 лица и повеќе од 260 компании.
Тој потенцира дека во српските индустриски зони треба да се подобрува инвестициската клима и да се воведат поволности и даночни олеснувања за инвеститорите да одат во Србија.
Костиќ предложил да се воведе новина за данокот за профит во слободните зони да биде нула, како и да се градат нови објекти за браунфилд инвестиции наменети за издавање.
-Тој наведе дека во слободните зони во Македонија сите даноци на државата се нула, а државата дава дополнителни средства за оние кои сакаат да влезат во земјата- пишува B92.net.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.