| четврток, 6 декември 2018 |

Конкурс „Креирај свој филмски постер“

По повод премиерата на „Снупи и Чарли Браун: филм за дружината 3Д“ која ќе се одржи на 5 ноември, „МЦФ МКД“ организира награден конкурс наменет за сите што ги сакаат анимираните филмови и дизајнот, и ги повикува да искреираат свој постер за овој филм..

Наградата за авторите на најдобриот постер, според проценката на Руки Чуки (http://rukichuki.com/), познат графички дизајнер, ќе биде голем кадифен Снупи и уште пет интересни подароци со мотиви од филмот. Освен најдоброто решение, дизјнерот ќе избере уште неколку постери кои заедно со победничкиот ќе бидат испечатени и изложени на „Изложбата за дружината“во холот на киното „Синеплекс“.

Креациите треба да се испратат на bojan.stanisik@megacom.mk .

Конкурсот трае од 21 до 30 октомври.

– Постерот мора да биде оригинален. За дизајнот на постерот не смеат да се користат никакви оригинални визуелни елементи од филмот или елементи од оригиналниот филмски постер (фотографии, оригиналниот дизајн на насловот на филмот).

– При изработката на постерот може да се користат сите техники.

– Освен оригиналното визуелно решение, постерот треба да ги содржи и следниве информации: насловот на филмот – „Снупи и Чарли Браун: филм за дружината 3Д,како и „Во кината од 5 ноември“.

– Постерот со димензии 50×70 cm, 300 dpi (.tif формат) треба да се испрати преку некој од бесплатни сервиси за трансфер (sendspace.com, wetransfer.com) на адресата bojan.stanisik@megacom.mk.

– Во прилог на мејлот треба да се испрати и намалена слика од постерот како jpeg. Фајл со големина до 2 мб – Потребно е да се наведе точното име и презиме на авторот, како бројот на телефон.

– Крајниот рок за испраќање на креациите е 30 октомври 23.00 часот. – Сите креации кои жирито ќе ги одобри ќе бидат објавени на страницата на МЦФ МКД„Фејсбук“ (www.facebook.com/MFCMakedonija)

Името на авторот на најуспешното решение, како и останатите автори чии решенија ќе бидат изложени, ќе бидат објавени на 31 октомври на страницата на „Фејсбук“ на МЦФ МКД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top