| четврток, 6 декември 2018 |

Планетите влијаат на деновите во седмицата: Погледнете кој ден за што е

Постои верување дека планетите имаат влијание врз деновите во седмицата и дека секој ден е поволен за различни нешта.

 

Понеделник

Во понеделник не треба да почнувате ништо, бидејќи во овој ден Месечината е многу променлива. Обично сме емотивни, нерасположени и под силно влијание на интуицијата. За многу луѓе ова е најпредизвикувачкиот ден од неделата. Препорачливи активности за во понеделник се: медитација, анализирање, лични задоволства, одмор, релаксација, спиење.

Вторник

Во вторник владее Марс, а тој ја поттикнува продуктивноста, компетицијата, ефективноста и одлучноста. Поволен е за завршување на сите рутински работи кои се однапред договорени и не бараат преголема ментална активност. Покрај тоа што е одличен ден да ги завршите заостанатите работи, добар е и за започнување нови проекти. Препорачливи активности за во вторник се: реализирање на нови идеи, градење стратегии во кариерата и на работа, започнување нови проекти, расчистување, вежбање, дополнување на листата со работите што треба да се направат.

Среда

Среда е ден на комуникацијата, ден во кој работите ги разбираме на екстремно прецизен и на ефикасен начин. Поволен ден за коресподенција, маркетиншки активности, состаноци, преговори и кратки патувања. Во среда владее Меркур, поради што е поволен ден за дружење и за забава.

Четврток

Четврток е најпродуктивен ден во неделата. Во овој ден владее Јупитер, а тој има моќ да го распали огнот во нас и да нѐ натера да дејствуваме. Јупитер е планета на претприемништвото и на експанзијата. Поволен е за важни работи како, на пример, потпишување договори, поврзување со нови соработници, учење и финансиски трансакции. Особено е поволен и за долгорочно планирање. Јупитер носи голема позитивна енергија која може да се почувствува во текот на целиот ден.

 Петок

Венера владее во петок, а таа е симбол на љубовта, конекцијата, припадноста, удобноста, вниманието, сензуалноста и страста. Токму затоа, петок е идеален ден за партнерот, за семејствто, пријателите и за децата. Одличен е за подготовки за викенд, одмор, масажа, забава и релаксација. Најтипично е да го искористите за многу романтика.

Сабота

Со сабота владее Сатурн кој е заслужен за помагање на другите. Во сабота поминете време со семејството. Саботата е препорачлива за мир и чистење во домот. Исто така, овој ден е и оптимален за завршување на работите, планирање на неделата која следува, подготовка за идните активности, учење и слично.

Недела

Со недела владее Сонцето. Неделата е идеален е за активен одмор со семејството, пријателите и со соседите. Сонцето е во духот на споделувањето, изразувањето, распространувањето, осветлувањето и растот. Затоа е добар ден за одмор и за релаксација, забава со саканите, купување за дома, готвење и слично.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top