Задолжителен само мајчин јазик, но не и математиката. И за годинашните матуранти ќе важи стариот концепт за полагање на државната матура.
Ќе полагаат 2 екстерни и 2 интерни предмети. Нема да се примени ниту електронското полагање.
– Измените на државната матура се одложени за септември 2016 година и во овој период ќе направиме се што е во наша моќ да бидат вклучени сите засегнати страни за да се дојде до најдобрите можни решенија. Одлагањето на државната матура е затоа што од декември се пријавува матурата и имавме прекраток период за промените што сакавме да ги постигнеме, затоа што ни треба во меѓупериодот и дијалог, така што има доволен простор да се вклучат сите заинтересирани страни и да се разговара со сите, да се слушнат сите мислења и да се направат темелни консултации за на крај да се донесе најсоодветното решение, истакна премиерот Никола Груевски пред почетокот на учебната 2015/2016 година.
Инаку оваа година државна матура ќе полага деветтата генерација матуранти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст