| четврток, 6 декември 2018 |

Драма над хрватското небо – патнички авион пресретнат од два МИГ-а

За време на летот поради, невозможноста да воспостават врска со цивилното воздухопловство кое се приближувало во воздушниот простор на Република Хрватска, дежурниот борбен двоец ХРЗ и ПЗО добиле наредба за пресретнување и идентификација на наведениот простор, пренесува „Дневни аваз“.

Станува збор за патничкиот авион Боинг 737 на италијанската компанија Меридијан, кој летал на релација Бејрут – Трст, а со кој ниту хрватската ниту италијанската контрола на летот не можеле да воспостават радио врска, поради што е наредено НАТО заповедништвото во Торејн во Шпанија (Combined Air Operations Centre – CAOC) по втор пат годинава, да ја подигне приправноста на НАТО декларираните сили од системот на Вооружените сили на РХ и да заповеда на дежурниот двоец од системот 91 на воздушната база ХРЗ и ПЗО за десетминутна подготвеност за полетување.

Откако е воспоставена радио врска со цивилниот воздухоплов Боинг 737, хрватските пилоти кои делувале по однапред пропишана процедура и заповед  на надреденото заповедништво, издадена е заповед за враќање во матичната единица а цивилниот авион продолжил спрема планот.

Координацијата на задачите на Еир Полисинг и наведените борбени воздухоплови се подведени од Средиштето со Надзор на Воздушниот простор на воениот ЗМИН од составот ХРЗ и ПЗО а кој заедно со дежурниот борбен двоец, авионите МИГ-21 интегрираната единица во составот НАТИНАМДС, односно НАТО интегрираниот систем противоздушна и противракетна одбрана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top