Најголемата германска банка „Дојче банк“ случајно на сметката на еден клиент во јуни годинава префрлила шест милијарди американски долари . Грешката ја направил еден нов вработен кој погрешно ги внел бројките а неправилноста е исправена за само еден ден.
Шест милијарди долари му се испратени на еден американски корисник, а грешката настанала кога вработениот во банката внел бруто наместо нето износ.
„Дојче банк“ од Франкфурт го следи низа скандали, откако извршните директори Аншу Јаин и Јурген Фичен поднеле оставки
Банката исто така се наоѓа во 6000 спорови и во мај морала да плати казна од 2,5 милијарди долари поради местење на каматни стапки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.