| четврток, 6 декември 2018 |

Секоја трета жена ја има, а не е ни свесна

zena

Бактериската вагиноза е непријател на секоја трета жена, но многу жени не знаат што е и ја поврзуваат со други полови болести.

Тоа е нарушување во составот на вагиналната флора, а симптомите се пообилен исцедок, непријатен мирис, чешање или пецкање при мокрење.

Симптомите, исто така, можат да бидат изразени и за време на менструалниот циклус, бременост или менопауза.

Најчеста причина за бактериската вагиноза е „гарднерела вагиналис“. Таа бактерија живее во матката и дебелото црево и зголемен ризик од бактериската вагиноза носи стапувањето во нов сексуален однос или менување на повеќе партнери, перење на долната облека со интензивни детергенти и користење  парфемирани сапуни.

Постоењето на вагинозата се проверува со земање брис кај вашиот матичен гинеколог и постоењето на бактериска вагиноза потребно е да се лекува за да не предизвика компликации.

Доколку не се лекува може да доведе до спонтан абортус за време на бременост или предвремено породување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top