На 21 октомври 2015 година во 20 часот во Музејот на Македонија ќе биде отворена изложбата „Свадбени приказни“. Изложбата е заеднички проект на Музејот на Македонија, Британскиот совет и Европскиот универзитет.
На изложбата ќе бидат претставени креациите на студентите на Факултетот за архи-дизајн при Европскиот универзитет РМ. Изложбата произлезе како придобивка од работилницата насловена „Модата и културното наследство“, која се одржа во мај 2015 година како соработка помеѓу трите институции. Во работилницата која ја водеа стручни лица од Велика Британија, покрај студентите од Факултетот за архи-дизјн, земаа учество и кустоси од Музејот на Македонија и од неколку други музејски институции од земјата.
Отворањето на изложбата ќе го означи и почетокот на Модниот викенд Скопје, кој ќе биде организиран во Музејот на Македонија од страна на Модна недела корпорација од 23 до 25 октомври 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст