| четврток, 6 декември 2018 |

Фалсификувани 500-денарки кружат низ Македонија

Фалсификувани пари има во оптек низ Македонија, а најмногу во промет кружат банкноти од 500 денари. Како што објави „Емагазин“, банкнотите тешко може визуелно да се препознаат.

Дека банкнотите се фалсификат може да се забележи по квалитетот на хартијата која е потенка и помека и кај заштитната нишка која го нема жигот со број. Очигледен е фалсификатот и со потписот на гувернерот.

pari-1.jpg-500

Фалсификуваните пари дури имаат и воден жиг. Овие фалсификувани банкноти се пронајдени во дуќан во населбата Автокоманда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top