Многу терористи од групата Исламска држава (ИД) ги бричат брадите и се облекуваат како жени со цел да се спасат од нападите на руските сили, кои се поддршка за сирискиот претседател Башар Ал Асад, тврди лондонскиот весник „Дејли мејл“.
Весникот објавува и фотографии, за кои се верува дека се направени во близина на Алепо, на кои се гледаае куп избричени бради што ги оставиле џихадистите при нивното панично бегање пред руските напади.
– Тие паднале уште подолу. За да се спасат од нападите се облекуваат и како жени и на тој начин се обидуваат да ја минат границата со Турција – наведува весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.